Почнува ЕП во ватерполо, вечер играат три балкански селекции, одлична понуда на Sport Life (Фото)

Европското првенство во ватерполо кое почнува денеска е освежување во понудата на Sport Life и ќе биде одлична можност за добивка следниот период.

Уште на отворањето на ЕП ќе има неколку интересни мечеви, како оној на Хрватска и Шпанија во Дубровник, и на Грција со Унгарија, додека Италија сигурно ќе победи со Грузија, само прашање е со колку гола разлика и колку гола ќе паднат на мечот.

Хрватите го освоија златото на претходниот шампионат, но овојпат иако истотака како и лани, играат дома, не се главни фаворити.

Освен Хрватска и Шпанија, во групата А во Дубровник се и Црна Гора и Франција, првите две одат директно во четвртфинале, а Хрватите и Црногорците на ова ЕП имаат и една друга цел, да обезбедат место на Светско првенство, настан кој не го пропуштиле откако се самостојни земји.

- Оглас -

Најнови вести