Почнува плејин-разигрувањето во НБА, вечер ќе се знаат уште два учесника на плејофот

Со дуелите Орландо – Атланта и Голден стејт – Мемфис, доцна вечерва стартува плејин-разигрувањето во кошаркарската НБА-лига.

Овие екипи беа на седмото и осмото место во своите конференции по завршувањето на регуларната сезона. Се игра само еден меч и победниците одат во плејофот, каде што ќе се сретнат со второпласираните од своите конференции. Поразениот ќе има уште една шанса, ќе игра плејин со поразениот од пресметката на деветтиот и десеттиот.

Ова значи дека на Истокот, Бостон го чека победникот од Орландо – Атланта, а тој што ќе загуби, потоа ќе игра со подобриот од Чикаго и Мајами за да се одреди ривалот на првиот носител Кливленд во првото коло од плејофот. Јастребите го имаа петтиот најефикасен напад во лигата, а Магичните ја имаа петтата најдобра одбрана.

На Западот, тој што ќе победи вечерва во Сан Франциско, оди во плејофот на Хјустон, а поразениот ќе има втора шанса, ќе се бори со Сакраменто или Далас за место во плејофот и битка со Оклахома сити.

- Оглас -

Најнови вести