Почнува трката со времето, вечерва завршува зимскиот преоден рок

Во текот на денешниот ден македонскиот десен бек Стефан Ристовски се очекува и официјално да се раздели со Спортинг Лисабон и да замине на друго место, а како фаворит за потписот на Ристовски е Динамо Загреб.

Зимскиот преоден рок во Европа завршува денеска, а од Топ 5 лигите најрано завршува преодниот рок во Германија. Бунделигашите смеат да се засилуваат најдоцна до 17 часот, во Италија преодниот рок е до 19 часот, додека во Англија, Шпанија и Франција и во најголем број од другите земји трансфер-пазарот е отворен до полноќ.

Годинава јануарскиот преоден рок не е толку богат како порано, но се случувале и изненадувачки договори, па додека не се затвори преодниот рок, можни се „бомби“.

- Оглас -

Најнови вести