Почудна табела немало никогаш – Победата вреди 2,4 бода и пласманот се одредува со децимали (Фото)

Чуден изглед има табелата во уругвајската трета лига, или како што ја нарекуваат Примера дивизион Аматер, а клубовите имаат бодови што се означуваат и со децимали.

Лидери се Ориентал и Канедиен со по 27,5 бодови, а интересна е и приказната зошто има децимали во бодовите, што е невиден начин на наградување за успесите во фудбалската игра.

https://twitter.com/AmateurAUF/status/1559343481948094464?s=20&t=O4z1ZPjnEQJYBOUdDY06sw

Уругвајците играат по систем лига со 23 клуба, а потоа таа се дели на две вакви лиги, Серија А и Серија Б.

Во првата игра еден клуб повеќе од втората, па за да не се наруши системот во А рангот со 12 екипи, победата се бодува со 2,4 бода, додека во Б рангот се добиваат по 3 бода за триумф во конкуренција на 11 екипи.

 

- Оглас -

Најнови вести