Подарок, или не? Фенербахче со победа означи старт на турското првенство (Видео)

Фенербахче означи старт на турското првенство со победа од 2:1 против Ризе, а голот за комплетен пресврт и триумф на гигантот беше по сомително досуден пенал за гостите.

Морозјук во дуел со Енер Валенсија го закачи ненамерно со лакт противникот, а судијата Кардешлер покажа на белата точка во 86. минута.

Вториот пенал на мечот за Фенербахче успешно го реализираше Хозе Соса, откако претходно во првото полувреме Еркан промаши удар од белата точка и пропушти шанса да му донесе предност на гостинот.

Шкода ја казни утката на Еркин со водечки погодок за Ризе, но домаќините примија два гола во последната четвртина од мечот и загубија со 1:2.

Гонул беше прецизен во 76. минута за израмнување на 1:1, а неговиот гол, кој беше регуларен го потврди и ВАР системот.

Потоа се случи и клучниот момент на мечот и пеналот што го реализираше Соса за сефте победа на Фенербахче во премиерниот меч од новата сезона во турската Суперлига.

- Оглас -

Најнови вести