Поддршка од Риека за Милан Ристовски: Ќе се вратиш уште посилен…

Милан Ристовски му се случи голем малер и ќе паузира подолг период, откако вчера на тренинг го скрши глуждот на левата нога.

Младинскиот репрезентативец на Македонија се врати во таборот на Риека, пред стартот на новата сезона, а од клубот не го заборавија и му испратија порака за поддршка.

https://twitter.com/NKRijeka/status/1306622662513311745?s=20

Милан е помал брат на нашиот сениорски репрезентативец Стефан Ристовски, кој исто така играше за Риека и остави впечатлива трага со освојување на двојната круна пред три години.

- Оглас -

Најнови вести