Подготовки за прослава на титулата имаше и на „Емирати“, но еве каде ќе завршат неискористените реквизити (Фото)

Во минатото пракса на Премиер лигата беше доколку последното коло одлучува за шампионот, трофејот со хеликоптер да биде транспортиран на стадионот каде што треба да се додели, но последните години не е така.

За оваа сезона имаше подготвено две сценографии, кои се наоѓаа на „Етихад“ и на „Емирати“, стадионите на Манчестер сити и Арсенал. На двете сценографии пишуваше „Манчестер сити шампион“ и „Арсенал шампион“, но на крајот само една можеше да биде искористена.

Воедно, имаше по еден пехар на двата стадиони и по еден комплет идентични медали. Сепак, малкумина знаат дека Премиер лигата има два идентични пехари, едниот кај освојувачот, а другиот во седиштетото на лигата, кој служи во промотивни цели.

Со оглед на тоа дека Манчестер сити и минатата сезона ја освои Премиер лигата, едниот пехар веќе беше таму, а оној кој е во сопственост на лигата пристигна во Лондон.

На крајот едната сценографија не беше искористена и се најде во магацинскиот простор на стадионот „Емирати“ во Лондон, а од Премиер лигата најавија дека ништо нема да биде фрлено, туку ќе биде рециклирано и искористено за следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести