Подгответе се за германското дерби и одиграјте го осмото коло на Спортска прогноза

Со дуелите од Бундеслигата меѓу Шалке 04 и Борусија Дортмунд, односно Фрајбург против Лајпциг што ќе се играат денеска од 15.30 часот почнува трката за поени во осмото коло од новата сезона на Спортската прогноза, а тоа е и последниот термин до кој можете да се вклучите во игра за одлични награди во оваа рунда.

Има многу интересни натпревари што се на менито со 13 основни парови, а веднаш на стартот во фокусот ќе биде големото регионално дерби на областа Рур меѓу Шалке 04 и Борусија Дортмунд.

Меч што се повеќе привлекува внимание и прераснува во една од најинтересните фудбалски пресметки на Стариот континент.

Беше многу возбудливо на последните дуели, а особено се памети мечот што се одигра во ноември пред две години, тогаш на „Вестфален“ во Дортмунд. Борусија за кус рок од 13 минути во првото полувреме постигна дури 4 гола и кога се чинеше дека му нема спас на големиот ривал, Шалке 04 во последните половина час од мечот возврати со покер голови и си обезбеди реми, 4:4. Вистински раритет и меч што беше спектакуларен со многу енергија на терен, фантастична атмосфера на трибините и неверојатен кам-бек на гостите.

Денеска Шалке 04 е домаќин и се очекува нов спектакл на познатата Ауф Шалке ареана, или како што официјално се нарекува „Велтинс арена“. Ќе биде вистински предизвик и за нашите прогнозери да се погоди исходот на рурското дерби.

Во исто време од 15.30 часот ќе играат и Фрајбург против Лајпциг, а потоа со Спортската прогноза ќе можете да прошетате и до Англија, Франција и Италија.

Од програмата со 13 двојки во тековното коло, денеска има пет, а по Бундеслигата следи Премиерлигата и мечот меѓу Брајтон и Евертон од 16 часот. Во Лига 1 во Франција ќе играат Лил и Бордо, а саботната програма за учесниците во осмото коло од Спортската прогноза завршува со мечот во Серија А меѓу Џенова и Бреша од 20.45 часот.

На клупата на популарните „Грифони“ ќе дебитира Тијаго Мота, а ќе видиме како ќе соработува со една година помладиот од него Горан Пандев, во обидот да се извлече Џенова од опасната зона.

Во недела има уште шест двојки од кои две привлекуваат големо внимание. Во Премиерлигата ќе го следиме дербито меѓу Ливерпул и Тотенхем, што е реприза од последното финале во Лигата на шампионите.

Може ли Тотенхем да му се реваншира на Ливерпул за поразот од 0:1 и загубената титула во ЛШ и патем да му го нанесе првиот пораз сезонава во Премиерлигата? Многу малку прогнозери, или само 6 проценти шо досега типуваа во ова коло на Спортска прогноза веруваат во таков исход, но предизвикот е голем, па обидете се и вие.

Уште едно дерби во недела ќе се игра во Италија. Епицентарот е на „Олимпико“ во Рим. Рома му е домаќин на Милан, а се очекуваат многу возбудувања и во Фиренца, на дуелот меѓу Фиорентина и Лацио.

Колото завршува во понеделник со турското дерби меѓу Басакшехир и Трабзонспор. Не ги заборавајте и двата резервни парови што се бодуваат за Генерален пласман.

Забавата е загарантирана, играта е бесплатна, а главна награда во секое коло е прекрасниот „iPhone XS“ што ќе го добие најдобриот прогнозер со погодени 13 двојки од основната програма на Спортската прогноза.

Прогнозирањето е едноставно и лесно достапно на официјалната интернет страница на обложувалниците на Sport Life и типувањето е вистинска рутина.

Се што ви е неопходно е да имате Sport Life картичка за да бидете учесници во Спортската прогноза и да покажете вештина во типувањето на основните 13 двојки, плус два резервни парови.

Главната битка во ова, но и во сите наредни рунди од Спортската прогноза е за „Ајфонот“, потоа следи ваучер од 1.000 денари за погодени 12 двојки во секое коло и ваучер од 500 денари за сите што ќе успеат да стасаат до единаесет погодени парови од понудените 13.

Не ја заборавајте и трката во Генерален пласман за главната награда „Смарт ТВ од 48 инчи“. И тука има дополнителни награди, па затоа е важно да се погодат и двата резервни парови од понудата за секое коло.

За второпласираниот прогнозер во вкупен поредок на крајот од сезоната следуваат 500.000 SL маркет поени, за треторангираниот 400.000 поени, за следниот 300.000 поени и за заокружување на топ-5 најдобри прогнозери се добива 200.000 поени, кои можете да ги искористите за уплата на тикети, или за нарачка на производите што ги нуди Sport Life со богат избор, кој можете да го најдете во SL маркетот на нашата позната обложувалница.

 

- Оглас -

Најнови вести