Подмладената Хрватска и одржа час по ракомет на Фуријата

Селекцијата на Хрватска одигра фантастичен натпревар во кој го совлада еден од фаворитите за титулата Шпанија со 39:29. Хрватска која на ЕП во Германија дојде до неколку дебитанти, но предводена од ветераните Дувњак, Циндриќ и Карачиќ, одигра неверојатни 60 минути во кои Фуријата на фрли на колена. Најдобар доказ за тоа како играше Хрватска беше предноста од дури 11 гола во неколку наврати.

Клучно за победата беше тоа што Хрватите ги реализираа првите девет напади и во првото и во второто полувреме. Реализацијата на Хрватите беше неверојатна, шпанските голмани Гонзало Перез де Варгас и Ернандес Ферер имаа само една одбрана.

Марио Шоштариќ даде осум гола без промашување, а осум гола постигна и Иван Мартиновиќ. Кај Шпанија, Алеш Гомес Абељо даде осум гола.

Во мечот од групата Ц, Унгарија ја совлада Црна Гора со 26:24. Банхиди со шест гола и Лекаи со пет ја предводеа листата на стрелци кај Унгарија, додека кај Црна Гора по шест гола дадоа Драгашевиќ и Борозан.

- Оглас -

Најнови вести