Лукас Подолски ја доживува втората фудбалска младост. Во дресот на Горник во Полска, тој беше главен јунак за пресвртот по кој од 0:2, неговата екипа славеше со 3:2.
По првото полувреме, Висла Плоцк водеше со 2:0 на теренот на Горник, но во вториот дел се случи пресврт. Расак намали на 1:2 во 57 минута, а четири минути подоцна на сцена стапи Подолски. Со прекрасен шут од далечина израмни на 2:2, но тоа не беше сѐ од некогашниот германски репрезентативец.
https://twitter.com/i/status/1636845228328992768
Во 87 минута Подолски со својот втор гол, донесе нова голема радост за домашните фанови и победа на Горник од 3:2. Овие три бода се многу важни за Горник во борбата за опстанок, затоа што сега има 28 бодови и е два бода над зоната за испаѓање.
Подолски во богатата кариера играше за клубови како Келн, Баерн Минхен, Арсенал, Интер, Галатасарај, а во репрезентацијата на Германија во 130 средби постигна 49 погодоци. Беше дел од националниот тим кој во 2014 година стана светски првак.