Подвиг на Македонија: Младинците со победа ги започнаа квалификациите за ЕП (Видео)

Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 21 година со победа од 1-0 на гостувањето во Шведска ги започна квалификациите за Европското првенство.

Големата победа ја донесе Иван Николов уште во 7-мата минута кога го искористи киксот на потесната одбрана на домашните и го пронајде патот до мрежата на Шведска.

Во продолжение на мечот Шведска доминираше, додека ние бевме ориентирани на одбраната, што беше за очекување. На крајот тоа се исплатеше за голема победа над еден од фаворитите во нашата група и тоа на гостински терен.

- Оглас -

Најнови вести