Погледнете ги реакциите на првите луѓе на ФФМ за време на ждрепката (Видео)

Фудбалската федерација на Македонија објави снимка од реакциите на челниците на федерацијата кои заедно во канцеларија ја гледаа ждрепката за баражите за Мундијалот во Катар.

Како што е познато, Македонија ќе треба да гостува во Италија, а ако победи, следува ново гостување, кај Португалија или Турција.

„Ние сме навикнати да одиме по потешкиот пат“ – прокоментира претседателот Муамед Сејдини веднаш откако се дозна дека Македонија ќе игра со Италија.

Видеото може да го видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести