Погледнете го лудиот финиш и мајсторијата на Хамилтон да победи без една гума (Видео)

Луис Хамилтон се израдува на седмата победа во кариерата на трката за големата награда на Велика Британија. На патеката на Силверстоун, Хамилтон беше сигурен лидер, но во последниот криг се случи драма. Левата предна гума од болидот на Хамилтон експлодираше, а Британецот немаше време ни место како да стигне до питстопот.

Без една гума, Хамилтон продолжи да вози и успеа да ја задржи челната позиција и да победи на трката во која во последните два круга со ист проблем се соочија и Ботас и Сајнц. На Ботас му пукна гумата на два круга до крајот, а во претпоследниот круг без левиот преден пневматик остана и Сајнц.

За разлика од Хамилтон кој остана на лидерското место, Ботас од второто падна на 11 место, а Сајнц кој беше четврти, на крајот заврши на 13 место.

https://youtu.be/3xHuSDfa4mg

- Оглас -

Најнови вести