Страшен продор и гол и уште поневеројатна приказна – Погледнете каков тенк ѝ „забрани“ ФИФА на Украина (Видео)

Макс Килман постигна прекрасен гол за Вулверхемптон по неверојатниот продор во стилот на тенк речиси низ целиот терен на пријателскиот меч против шпански Алавес.

Играчот кој има супер интересна приказна, нанижа неколку противнички играчи длабоко од својата половина, дел од нив се обидоа и да го фаулираат, но корпулентниот 25-годишен дефанзивец на Волците ги прегрме сите предизвици и постигна прекрасен гол, што беше и последен на мечот што го доби англискиот прволигаш со 4:0.

 

Неговата лична и спортска приказна е многу интересна. Килман е роден во Англија и има британски пасош, а има татко кој е Русин и мајка Украинка.

Украина се обиде во 2021 година да го привлече да игра за оваа репрезентација.

На барање на Андриј Шевченко, во март лани Украина поднесе и официјално барање за промена на спортското државјанство на родениот Англичанец и беше одбиена од ФИФА поради неверојатна причина.

Килман има играно за футсал репрезентацијата на Англија, има 25 меча за Гордиот Албион во популарниот „мал фудбал“ и поради тоа ФИФА го одби барањето на Украина за 25-годишниот играч на Вулверхемптон.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести