Погледнете кои се негативни рекорди ги постави Манчестер јунајтед со денешниот пораз од Ватфорд (ФОТО)

Манчестер јунајтед од натпревар во натпревар поставува нови негативни рекорди, а барем засега раководството на тимот не планира да му даде отказ на Оле Гунар Солскјер.

По денешниот дебакл од Вотфорд, „црвените ѓаволи“ стигнаа до бројката од 29 примени гола во сите натпреварувања, единствено полош скор во Англија имаат Лестер и Норич кои по 30 пати ја ваделе топката од својата мрежа.

Воедно, ова е и највисок пораз во историјата на овој клуб од кога се игра Премиер лигата. Сепак, најголемиот негативен ваков рекорд е од 1989 година, кога во тогашната Дивизија 1 изгубиле од градскиот ривал Манчестер сити со 5:1.

Потврда за катастрофалната форма во која се наоѓа тимот е и црвениот картон на Хари Мегвајер, кој е прв во неговата кариера во дресот на овој клуб.

- Оглас -

Најнови вести