Погледнете кој беше „судијата“ во ВАР-собата во Манчестер

Манчестер сити испадна од Лигата на шампионите и, се разбира, „граѓаните“ станаа цел на потсмевање од дежурните „хејтери“ по социјалните мрежи. Синоќа Сити немаше среќа со одлуките од ВАР-собата. Најпрвин, на Тотенхем му беше признат гол кој е сомнителен поради играње со рака на Фернандо Љоренте (судијата Чакир гледаше повторена снимка само од еден агол, од кој не се виде најдобро контактот со раката на Љоренте), а во последната минута се чини оправдано му беше поништен гол за пласман во полуфиналето на Рахим Стерлинг.

Ако се прашувате кој седеше во ВАР-собата и на Чакир му покажуваше снимка која му одговара само на Тотенхем, еве го одговорот:

Се разбира, станува збор за монтажа, но Алекс Фергусон, кој 26 години беше тренер на Манчестер јунајтед, сигурно дека навиваше за Тотенхем, а не за градскиот ривал.

 

- Оглас -

Најнови вести