На Дончиќ му се плачеше – Поразите тешко му паѓаат на младиот ас (Видео)

Погледот на Лука Дончиќ во финишот на третата четвртина на дуелот меѓу Шарлот и Далас говори се и колку тешко му паѓаат поразите во НБА лигата.

Словенецот немо го следеше дебаклот на својот тим и поразот од 118:99 од Шарлот, само една ноќ по историскиот меч и победа против Лос Анџелес клиперс со 51 поен разлика, кога на полувремето беше 77:27, најголема разлика од постоењето на НБА лигата.

Сега расположението кај младиот ас беше сосема спротивно, а ајсно е според погледот дека Дончиќ не беше задоволен ниту од својата игра, ниту од таа на своите соиграчи.

 

- Оглас -

Најнови вести