Поирие: Не е изненадување што ги победивме Американците

После втората победа по ред над САД, во кошаркарската репрезентација на Франција велат дека не се изненадени што го победиле фаворитот, и најавуваат атак на олимпиското злато. Триумфот против Американците на СП пред две години не бил случаен.

„Изненадување? Можеби за вас, за нас не е. Имавме голема самодоверба дека можеме да победиме. Игравме добро, не паднавме ни кога имавме 10 поени негатива“ – изјави центарот Венсан Поирие.

Центарот на Реал Мадрид вели дека Американците се одличен тим и дека не смее да бидат отпишани, но дека ако Франција продолжи да игра агресивно и да доминира на паркетот, може и до својот прв златен олимписки медал во историјата.

- Оглас -

Најнови вести