Покажа почит кон починатата легенда, а судијата му даде црвен картон (Видео)

Вилјареал се намали, но на крајот победи на свој терен со 2:1 против Алмерија во меч од 11 коло во Примера дивисион. Гостите водеа со 1:0 по првото полувреме, но Жолтата подморница не се предаде и направи пресврт.

Алекс Баена во 56 минута израмни на 1:1, но веднаш потоа стрелецот на голот беше исклучен и тоа поради банална работа. Баена имаше еден жолт картон заработен на почетокот на вториот дел, а кога постигна погодок, го крена дресот за да ја покаже пораката наменета за потпретседателот на клубот, Жозе Мануел Ланеца, кој помина минатата недела.

Ланеца беше легенда на Жолтата подморница. Тој дојде во клубот во 1993 година и беше најзаслужен што во клубот во 1997 година дојде шпанскиот милијардер Фернандо Роига. Во првата сезона по доаѓањето на новиот газда, клубот влезе во Примера дивисион и во изминативе 25 години Вилјареал се промовираше во еден од најсилните тимови во Шпанија.

На маицата што ја покажа Баена под дресот, пишуваше „Благодарам за сè, Ланеца“. Иако не го соблече дресот, главниот судија на мечот, му објасни на Баена дека тоа е доволно да му даде жолт картон, што всушност беше втора јавна опомена за играчот на Вилјареал и мораше да го исклучи.

Домашните навивачи, но и играчите почнаа жестото да реагираат на оваа одлука на судијата, но арбитарот додели уште еден жолт картон за Торес, а го исклучи и Морланес кој беше на клупата за резерви.

И со играч помалку Вилјареал стигна до победа и тоа со голот на Николас Џексон во 94 минута. По дуелот, сите фудбалери на Вилјареал јасно покажаа за кого е посветена оваа победа.

- Оглас -

Најнови вести