Покажете мад*ња или ќе дојдеме со бејзбол палки!

Интер денес (15 часот) гостува кај второпласираниот Сасуоло во рамките на деветтото коло во Серија А, меч во кој тимот на Антониот Конте мора да се избори за поволен резултат.

Мора бидејќи навивачите на Интер се веќе фрустрирани од настапите на екипата и се бара промени, а во пресред на овој меч најверните фанови на Нероаѕурите испратија заканувачка порака.

Пред тренинг-центарот на Интер денес беше поставен транспарент на кој пишува: „Дресот што го носите мора да го почитувате. Покажете мад*ња или ќе дојдеме со бејзбол палки!“, алудирајќи на пречек во Милано кој може да заврши со физичка пресметка доколку не се издвои победа на „Мапеј“ стадионот.

- Оглас -

Најнови вести