Покетино: Головите на Сити беа случајни

Пари Сен Жермен е далеку од повторување на ланската сезона, кога играа во финалето од Лигата на шампионите. Светците кои толку многу вложуваат токму со цел да стигнат до тронот на Европа, синоќа на свој терен беа покорени од Манчестер сити.

Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино, не може да објасни како тоа неговиот тим беше подобар во првото полувреме, но потоа работата се сврте во корист на противникот, па Сити даде два гола во вториот дел и гостите победија со 2:1. Аргентинскиот стратег вели дека двата гола на Сити биле дадени случајно.

„Беа две сосема различни полувремиња. Во првото ние бевме подобри, но тешко е да се елиминира тим како Манчестер сити. Заслужено поведовме, но тие беа подобри во вториот дел. Двата гола кои ги постигнаа беа прилично случајни, но тие создадоа повеќе шанси. Разочарувачки е начинот на кој ги примивме головите, тешко ми е тоа да го прифатам, но такви работи се случуваат. Тешко ми е да објаснам како тоа ние бевме подобри во првите 45 минути, а тие во вторите. Беа поагресивни, не можевме да се носиме со нив на физички план. Не покажавме вистинска енергија“, рече Покетино во своето видување на синоќешниот меч, а додаде и дека црвениот картон по кој неговиот тим остана со игра помалку, можело да биде и опомена со жолт картон.

 

- Оглас -

Најнови вести