Покетино и Клоп заинтересирани за младиот Ирец

Деклан Рајс од Вест Хем е фудбалерот за чии услуги ова лето борба ќе водат Тотенхем и Ливерпул. Лондонски Тотенхем цела година нема купено ниту еден играч, па притисокот врз клубот е голем, и веројатно со сите сили ќе тргнат да го убедат 20-годишниот Рајс да потпише за нив. Тој е играч по вкус на тренерот Маурисио Покетино и Рајс ќе биде главна мета на Тотенхем во летниот преоден рок.

Но, последниве денови и Ливерпул се спомнува како следна можна дестинација за Рајс кој игра на позицијата последен играч за врска, а кариерата ја почна како централен дефанзивец. Клубовите кои се заинтересирани за него, ќе треба да издвојат околу 35 милиони евра.

Рајс наскоро треба да донесе и уште една голема одлука, дали ќе игра за Република Ирска или за Англија. Тој ги мина сите младински селекции на Ирска, а играше на три пријателски мечеви и за сениорскиот национален тим на таа земја. Сепак, додека не одигра официјален меч, ништо не се знае. Но, Рајс е роден во Лондон, и ако напредува во Тотенхем или Ливерпул, и повик да игра за Англија, би можел да се одлучи за таа репрезентација.

- Оглас -

Најнови вести