Покетино и официјално е бивши, ПСЖ уште денес ќе го претстави новиот тренер

Пари Сен Жермен и официјално ја прекина соработката со тренерот Маурисио Покетино.

Аргентинскиот стратег на клупата на Светците се задржа 18 месеци и не успеа да го одведе тимот до најважниот трофеј, Лигата на шампионите. Францускиот првак уште денес ќе го претстави неговиот наследник, Кристоф Галтие, со кого е потпишана двегодишна соработка.

Покетино во 84 натпревари како предводник на ПСЖ забележа учинок од 56 победи, 15 порази и 13 ремија, освои по еден трофеј во Лига 1, Францускиот куп, како и Суперкупот.

Инаку што се однесува до Галтие, екстренерот на Лил и Ница ќе прекине пост од шест години во кој ПСЖ не работел со домашен тренер. Последен Французин на клупата беше Лоран Блан во 2016 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести