Покетино од Њукасл добил понуда која тешко се одбива

Аргентинецот Маурисио Покетино би можел да го преземе кормилото на Њукасл, премиерлигашот кој треба да биде купен од саудискиот принц Мохамед бин Салман, по што клубот планира да потроши доста пари за звучни засилувања. Има многу шпекулации кои играчи би го облекле црно-белиот дрес на Чавките, но клубот прво ќе треба да ангажира тренер, па тој да си ја составува екипата и да има главен збор околу потенцијалните принови.

Покетино кон крајот на минатата година се раздели со Тотенхем, каде што беше пет години и моментно е без ангажман. За него се зборуваше дека е можен наследник на Зинедин Зидан во Реал Мадрид, но засега нема ништо од тоа, па Покетино е подготвен да остане во Англија. Неофицијално, понудата од Њукасл за 48-годишниот Покетино е годишна плата од 19 милиони фунти.

За тренерското место во Њукасл се спомнуваат и Италијанците Масимилијано Алегри и Лучијано Спалети, но Покетино е најголем фаворит.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести