Покетино откри зошто ПСЖ не го победи Бриж

Фудбалскиот свет со нетрпение очекуваше да го види на дело фантастичното трио Лионел Меси, Нејмар и Килијан Мбапе во нападот на Пари Сен Жермен, но на крајот резултатот беше разочарувачки. Францускиот гигант на гости кај Бриж одигра само 1:1, а Ерера беше стрелец на погодокот за ПСЖ. Најскапото напаѓачко трио во светот едноставно не се виде на теренот, а тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино, имаше објаснување за слабата игра.

„Никој од нас не е среќен со овој резултат. Дојдовме да победиме, а на крајот не успеавме. Капа долu за Бриж, кој одигра храбро и покажа повеќе желба од нас. Противникот заслужи да освои бод“, рече Покетино, кој додаде дека тимот уште не е воигран. „Треба време да се вклопат сите коцки, веројатно тоа им е јасно на сите уште од првиот ден. Не сме воиграни, мораме да работиме подобро во следниот дел од сезоната. Неопходно е да станеме тим, имаме величествена екипа, но мораме да најдеме одбранбена и напаѓачка структура“, објасни тренерот на ПСЖ.

Мбапе, кој беше асистент за погодокот на ПСЖ, поради повреда беше заменет во 51-вата минута, додека Нејмар и Меси го одиграа целиот меч. Во следното коло од Лигата на шампионите францускиот тим на свој терен го очекува дерби-мечот против Манчестер сити.

 

- Оглас -

Најнови вести