Покетино: Разочаран, но и горд на мојот тим… Ова нема да биде прво и последно финале

Тотенхем и Маурисио Покетино нема по добро да го паметата својот прв настап во финалето од Лигата на шампионите. Вчера во Мадрид Ливерпул беше подобриот тим, па по победата од 2-0 тие се новите владетели со фудбалот на Стариот континент.

Аргентинскиот стратег по мечот истакна дека е разочаран, но воедно и горд на своите играчи, и најави дека ова нема да им биде прво и последно појавување во финалето.

„Тешко ми е да зборувам, многу сум разочаран, но воедно и горд на мојот тим. Немавме среќа, примивме брз гол и тоа од пенал, така што ни беше многу тешко уште од стартот на мечот да се носиме со негативата. Продолживме да се бориме и покрај тоа, до самиот крај верувавме дека можеме да се вратиме во игра. Од овој пораз можеме да извлечеме само поука, а верувам дека нема да ни биде последно финале“, истакна Покетино.

Инаку, Покетино е петти аргентински тренер кој претрпел пораз во финалето од Лигата на шампионите. Претходно разочарување претрпеле Еленио Ерера (1967 година со Интер), Хуан Карлос Лоренцо (1974 година со Јувентус), Хуан Купер (2000 и 20001 година со Валенсија), Диего Симеоне (2014 и 2016 година со Атлетико Мадрид).

- Оглас -

Најнови вести