Покетино се согласил да седне на клупата на Челзи, и во ПСЖ одвај чекаат такво нешто

Аргентинецот Маурисио Покетино ќе биде новиот тренер на Челзи во следната сезона. Тој се договорил со газдата Тод Боли, и ако не се случи нешто ептен непредвидено, тогаш екс тренерот на Тотенхем и Саутхемптон, ќе седне на клупата и на трети англиски тим во неговата кариера.

Покетино е без работа откако го избркаа од Пари Сен Жермен минатото лето, но бидејќи имаше договор со клубот на подолг период, тој уште си зема плата од Светците и така ќе биде додека не потпише со друг клуб. Затоа и парижаните навиваат за Покетино што побрзо да си најде нова средина.

Покетино се спомнува и како можен наследник на Карло Анчелоти во Реал Мадрид, но се чини дека Анчелоти сепак ќе добие доверба да го води Кралскиот клуб и во следната сезона, особено ако ја освојат Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести