24.8 C
Skopje
среда, 16 јули 2025

Покетино затекнат од лоши вести на денот кога го обнови договорот со ПСЖ

Маурисио Покетино комплетно со својот стручен штаб вчера ги обновија договорите со ПСЖ до јуни 2023 година, но тренерот на Светците го затекнаа лоши вести на неговиот ден.

Имено, Килијан Мбапе, младата француска ѕвезда, му соопшти на Покетино дека дефинитивно нема да ја продолжи соработката со гигантот од Париз. Тоа значи дека Мбапе ќе ја одработи последната сезона во дресот на ПСЖ и следното лето како слободен играч ќе одлучува каде ќе ја продолжи кариерата.

Секако, тоа ќе се случи доколку во меѓувреме управата на ПСЖ не се согласи да го продаде Мбапе во Реал Мадрид, клубот кој покажа најмногу интерес за него, а и впрочем тоа е желбата на самиот Мбапе.

Доколку дојде до продажба, најмалку 150 милиони евра ќе бидат потребни за да се задоволат апетитите на ПСЖ, сума која тешко може да се издвои со оглед на финансиската криза предизвикана од пандемијата со корона-вирусот со која се соочија многу клубови во изминатиов период.

- Оглас -

Најнови вести