Поранешниот играч од средниот ред на Арсенал, Пол Мерсон, во телевизиска емисија изјави дека „Арсенал ќе го купи Хари Кејн“.
Мерсон рече дека Кејн не би бил првиот поранешен играч на Тотенхем кој ќе се пресели во нивниот вечен ривал, потсети на Сол Кемпбел кој во 2001 година директно од Тотенхем прејде во Арсенал.
„Ако Арсенал не ја освоил Премир лигата, мора да ризикува. Мора да ризикува, и да потпише со некој кој ја докажал својата вредност. Јас би платил 60 милиони фунти за Хари Кејн. Може да го надмине рекордот на Ширер играјќи и за Тотенхем, но не гледам поента зошто би се вратил таму. Подобри шанси би имал во Арсенал“, рече Мерсон.
Ова се случи откако се појави информација за ослободителна клаузула во договорот на Кејн со Баерн Минхен, а предност би имал Тотенхем.
Кејн во 13 сезони за Тотенхем одигра 435 меча и даде 280 голови од кои 213 во Премиер лигата.