Пол Сколс се обложувал на 140 меча и поради тоа мора да плати казна на ФА

Пол Сколс, некогашниот фудбалер на Манчестер јунајтед, доби парична казна од 8.000 фунти поради тоа што се обложувал на 140 мечеви во периодот од август 2015 до јануари 2019 година. Сколс се обложувал и на мечеви на Манчестер јунајтед во периодот кога на клупата беа неговите некогашни соиграчи и добри пријатели Рајан Гигс и Ники Бат, како и на Валенсија, кога тренер во овој клуб беше Гери Невил.

Поранешниот фудбалер сега е косопственик на англискиот нисколигаш Салфорд сити, но ниту еднаш не се обложил на неговиот клуб. Откако се дозна дека Сколс се обложува, Фудбалската федерација на Англија (ФА) го казни и мора да плати 8.000 фунти.

„Ја прифаќам одлуката од минатата недела. Сакам да се извинам и целосно ја прифаќам казната од ФА. Тоа беше грешка, и тоа без намера да ги прекршам правилата. Згрешив бидејќи мислев дека нема да има проблем ако се обложувам на меч кој нема допирна точка со мене, меѓутоа сега сфаќам дека тоа не е така“, рече Сколс во извинувањето.

- Оглас -

Најнови вести