Пола од судискиот ВАР-состав од мечот меѓу Англија и Данска ќе го регулира и финалето!

УЕФА вчера го потврди Бјорн Кујперс како главен арбитар за финалето на ЕП меѓу Англија и Италија, но донесе интересна одлука околу судискиот состав кој ќе регулира од ВАР-собата.

Имено, во недела ќе има двајца од вкупно четворица судии кои беа во собата и за полуфиналната средба меѓу Англија и Данска, меч во кој се досуди контроверзниот пенал над Стерлинг по што Гордиот Албион се избори за битка за титулата.

Холанѓанецот Пол Ван Боекел ќе биде прв ВАР-судија во собата, додека втор судија е Германецот Кристијан Гителман. Овие двајца беа дел од тимот кој ја поддржа одлуката на Дани Макели да им додели пенал на Англичаните во ситуација кога контактот беше минимален, а можеби воопшто и го немаше.

Останатите двајса судии кои ќе бидат во ВАР-собата се Бастијан Данкерт и Марко Фриц од Германија, кои ќе му помагаат на Кујперс да биде најправеден што може во големото финале на „Вембли“.

- Оглас -

Најнови вести