Полесно е кога не знаеш – Де Бројне: Мислам дека цело семејство го „прележавме“ Корона-вирусот

Кевин Де Бројне се сомнева дека целото негово потесно семејство веќе го прележа Корона-вирусот, иако нема потврда за тоа.

Играчот на Манчестер сити ја раскажува својата верзија, но и останува во карантин за секој случај.

„Мислам дека на почетокот на кризата во Велика Британија, кога опасно почна да се шири вирусот, го прележавме и ние. Прво почна со помалиот син, кој имаше симптоми слични на Корона-вирусот, а потоа се зарази и постариот син. Не можам да тврдам со сигурност, бидејќи тогаш не бевме тестирани. Мојата сопруга го мина редот, а за мене остана крајот на приказната. Се надевам дека сум во право и мислам дека не грешам според сите сиптоми што ги имавме во рок од 8-9 дена“, вели офанзивецот на Сити.

Додава и дека веќе се навикнале на самоизолација во Манчестер. Во Велика Британија набрзина имаше голем удар и многу заразени и починати од опасниот вирус. Бројките се движат во распон од над 100 илјади заразени лица и околу 15 илјади починати.

„За среќа го минавме тешкиот период и во последните 15-на дена се чувствуваме одлично. Се навикнавме да живееме во услови на карантин, но се надевам дека брзо светот ќе го победи опасниот вирус. Ми недостасува фудбалот и очекувам дека наскоро повт0орно ќе се видиме на фудбалските терени“, додаде белгискиот репрезентативец од Манчестер сити.

- Оглас -

Најнови вести