Полесно Ливерпул ќе победи 9-0, отколку Хадерсфилд да слави 0-2

Ливерпул вечерва (21 часот) го пречекува Хадерсфилд во отворањето на 36-тото коло во Премиер лигата. Избраниците на Јирген Клоп се апсолутни фаворити во пресрет на средбата и речиси е невозможно да потфрлат во трката за шампионската титула со Манчестер сити, токму во финишот на сезоната. Териерите се веќе елиминирани од англиската елита, следната сезона ќе се натпреваруваат во Чемпионшип лигата, така што овој меч воопшто не им значи.

Kолку всушност „црвените“ се фаворити, потврдува коефициентот за обичен „кец“ во Sport Life обложувалници е 1.08, наспроти „двојката“ за Хадерсфилд со 26 квота. Уште повеќе е интересен фактот што поголеми се шансите Ливерпул за победи со точен резултат од 9-0, отколку гостите да се радуваат на „Енфилд“ при конечни 0-2.

За резултатот 9-0 во корист на Ливерпул коефициентот е точно 100, додека за конечен исход од 0-2 за Хадерсфилд, коефициентот во Sport Life обложувалници е 125.

Останува на храбрите типувачи да си ја пробаат среќата. Точниот резултат 9-0 може да ви донесе добивка од 10.000 денари со вложени 100 денари, или пак може да се надеват на сензација на аутсајдерот.

- Оглас -

Најнови вести