Политички игри во Турција – Фудбалерите на Ризе излегоа со војнички униформи на теренот (Фото)

Играчите на Ризеспор и членовите на стручниот штаб истрчаа на теренот на дуелот со Аланијаспор со војнички униформи. Ги носеа само на официјалното престставување на екипите, но и тоа е преседан досега незабележан во историјата на фудбалската игра.

Ова треба да е гест на поддршка на турската армија која бие жестоки битки во Сирија, а и досега имаше многу политика на терените во Турција.

Image

Грото од фудбалерите салутираа кон публиката во знак на поддршка на турската војска, а имаше поделени мислења и за и против ваквиот однос.

Но, ова сега е веќе и премногу, а можно е да има работа и за УЕФА, која строго забранува мешање на политиката во фудбалот.

 

- Оглас -

Најнови вести