Полицаецот кој го апсеше Мегваер, има сериозна повреда

Грчкиот полицаец кој интервенираше за време на инцидентот на островот Миконос во кој учествуваше и капитенот на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер, има сериозна повреда на грбот, тврди неговиот адвокат. Полицаецот имал и повреда на вилицата, но онаа на грбот е потешка и можеби од неа никогаш нема да може целосно да закрепне.

„Најлошо повреден во инцидентот е полицаецот кој Мегваер го турнал на плочник. На грб паднал на бетон и се повредил. Не можам да кажам дека повредата нема да биде трајна. Со таков вид повреда можно е да има проблеми и во иднина. Мегваер турнал уште еден полицаец кој се обидувал да му стави лисици. Братот на Хари, Џо Мегваер, со удар му ја расекол усната на едниот полицаец“, вели адвокатот Јоанис Парадисис.

Според грчкиот закон, полицајците имаат рок од дури пет години да ги тужат браќата Мегваер за физички напад. Многумина мислат дека полицаецот со евентуална тужба само сака да извлече пари од богатиот фудбалер, но адвокатот смета дека не е така и лут е што Мегваер не се извинил, туку лажел дека никого не повредил, извртувајќи ја сликата и полицајците ги прикажал како насилници.

- Оглас -

Најнови вести