Полицијата во Гелзенкирхен ќе забрани пиво за Англичаните

Англиските и српските навивачи нема да можат да купуваат пиво на меѓусебниот натпревар од Европското првенство коj ќе се игра на 16 јуни идната година.

Началникот на полицијата во Гелзенкирхен, Петер Бот, планира да донесе забрана за конзумирање пиво на стадионот, но и на јавните места во градот. Тој исто така најави дека полицијата ќе биде подготвена за навивачите и нема да се воздржува да употреби водени топови доколку има инциденти.

„Ја разгледуваме можноста да воведеме забрана за конзумирање алкохол на стадионот и тоа не го криеме. Исто така проверуваме во која мерка можеме да забраниме да се конзумира алкохол и на јавните места“, изјави Бот.

Доколку оваа одлука биде донесена официјално, тоа ќе претставува голем удар и за англиските фанови, но и зa официјалната пивара која плати милиони за да може да продава пиво на стадионите и во навивачките зони.

- Оглас -

Најнови вести