Полјаците си избраа свој производ – Ига Швјонтек е најдобра спортистка во Европа

Полската новинска Агенција, ПАП, ги одбра најдобрите европски спортисти за 2022 година, а во изборот полската тенисерка Ига Швјонтек е број 1 на Стариот Континент со 118 поени.

Гласаа точно 20 новински агенции од Стариот Континент. Полската тенисерка со 8 освоени турнири во 2022 година, меѓу кои и пехарите на гренслемовите на Ролан Гарос и Отвореното првенство на САД се најде на врвот на Европа.

Втор е светскиот рекордер во скок со стап Арман Дуплантис од Шведска, кој собра 106 поени, а трет е светскиот првак во Формула 1, Макс Ферстапен со 82 бода.

Во топ-5 се и двајцата шпански тенисери, Карлос Алкарас со 76 поени и Рафаел Надал со 66.

ПАП редовно прави ваков избор, а рекордер е Роџер Федерер со пет титули најдобар спортист на Европа, пред Новак Ѓоковиќ со четири признанија и Михаел Шумахер и Валери Брумел со по три.

- Оглас -

Најнови вести