Полјаците воодушевени од македонските навивачи (Фото)

Полскиот профил на Светското првенство во ракомет, ги пофали македонските фанови за атмосферата која ја создадоа на мечот со Норвешка во „Таурон арена“ во Краков.

Организаторите се импресионирани и на нашите навивачи, атмосферата ја нарекоа фантастича, и им се заблагодарија преку „Твитер“ профилот.

Македонскиот тим утре игра со Холандија, во вторник против Аргентина, и сигурно е дека Фалангата повторно ќе биде на потребното ниво, и ќе биде ветер во грб за ракометарите.

- Оглас -

Најнови вести