Полноќен експрес: Дончиќ ќе ги преземе работите во свои раце

8446 Лука Дончиќ (Торонто репторс – Далас маверикс, 01:30 часот)

Далас Маверикс имаше катастрофално отворање на новата сезона во НБА, а нешто слично може и да се каже за играта на нивната најголема ѕвезда, Лука Дoнчиќ.

Словенецот регистрираше само 18 поени, со катастрофален шут од шест погодени од 16 упатени удари против Атланта Хокс. Но, вечерва ќе имаат можност да се „извадат“ во меч против Торонто на гостински терен.

Во изминативе две сезони, претежно домашниот тим се радуваше на победа, но, „репторси“ во оваа влегуваат ослабени бидејќи Кајл Лоури замина во Чикаго Булс.

Предлог тип: Лука Дончиќ >27.5 (1.87)

 

8432 Индијана пејсерс – Мајами хит (01:00 час)

Мајами го имаше еден од најдбрите преодни рокови ангажирајќи ги Пи Џеј Такер и Кајл Лоури и и сега важи за еден од најголемите фаворити во источната конференција.

Во првата средба го победија актуелниот првак Милвоики бакс со (пре)убедливи 137:95, а вечерва не би требало да имаат проблеми против Индијана иако најверојатно ќе бидат без двете горе споменати засилувања кои се под знак прашалник поради повреди.

Но, и онака тренерот Ерик Сполстра има одличен состав на располагање, па победата не би требала да биде ставена под знак прашалник.

Предлог тип: 2 (1.66)

 

8435 Чикаго булс – Детроит пистонс (02:00 часот)

Како што напоменавме пред некој ден, Чикаго ќе биде една од најинтересните екипи за следење, со оглед на тоа дека играат на кош повеќе.

Така и беше во првите две средби кога остварија убедливи победи, особено таа денешната каде што беа подобри од Њуорленс со 128:112.

Ништо поразлично не би требало да биде и пополниќ каде што Зак Лавињ и соиграчите ќе дадат голем број на кошеви во мрежата на Детроит пистонс.

Предлог тип: Т1+ >111.5 (1.88)

 

8461 Филаделфија флајерс – Флорида пантерс (НХЛ, 01:00 часот)

Идентично како и НБА, и новата сезона во НХЛ започна овој месец, и веќе може да се оцени кои тимови би достигнале далеку. Флорида пантерс е едниот од нив и тоа со одличниот старт од четири победи на исто толку средби, но, вечерашната протиф Филаделфија ќе биде сè само лесна нè.

Домаќините играат „топло-ладно“, но, барем во една работа се константни, а тоа е големиот број на погодоци на на нивните средби, кои во просек изнесуваат осум по меч пред домашната публика.

Предлог тип: >5.5 (1.60)

 

8001 Кливленд кавалирс – Атланта хокс (00:00 часот)

Атланта минатата сезона успеа да стигне до конференциско финале на истокот и беше тимот кој го направи едно од најпријатните изненадувања.

Во оваа натпреварувачка година, јасно е дека ќе има поголем притисок врз Тре Јанг и неговите соиграчи, но, очигледно е дека тоа е „гориво“ за најдобриот играч во овој тим, кој вечерва би требало да ги предводи до нова победа, овој пат против Кливленд.

Некогашниот тим на Леброн Џејмс, по неговото заминување се обидува да биде конкурентен за високи достигнувања, но барем засега тоа им оди безуспешно.

Предлог тип: 2 со хендикеп, -7.5 (1.90)

 

- Оглас -

Најнови вести