Полноќна добивка со одличен коефициент имаше на мечеви од НБА и НХЛ

Традиционалните пет предлози за мечеви кои треба да ги одиграте во полноќните термини, утрово беа перфектни. Погодени се сите пет дуели од НБА и НХЛ, а вкупниот коефициент изнесува 19.61.

Во професионалната хокеј лига, Њујорк ренџерс убедливо со 4:1 славеше над Филаделфија, во меч на кој домаќините имаа постојана контрола на резултатот.

Погодена беше и голеадата на Торонто мејпл лифс – Колорадо авеланш. Домаќините славеа со убедливи 8:3, а нашиот предлог беше дека ќе има повеќе од 5,5 погодоци. Оваа бариера беше надмината уште во втората третина.

Од НБА понудата, требаше да одиграте „плус“ за сега да имате плус на паричното салдо. Тре Јанг со 33 поени беше предводник на Аталанта во победата на гости кај Индијана, а границата за „плус“ беше 26,5 поени.

На дуелот Милвоки – Шарлот требаше да има над 227 поени, а на крајот домаќините славеа со 127:125, односно имаше дури 252 поени, што е многу повеќе од поставената граница.

Најдраматично беше за тоа дали Лука Дончиќ ќе ја надмине бариерата од 27,5 поени на дуелот Њу Орлеанс – Далас. Гостите уште во втората четвртина стигнаа до предност од над 20 разлика, па во тој случај Дончиќ најчесто оди на клупата за резерви да не се троши премногу. За среќа, Словенецот даде 28 поени, а потоа беше седнат на клупа, што беше доволно и ова да биде „плус“ за добитен Полноќен експрес.

Стандардно и денеска ќе има понуда во Типстерски совети и Полноќен експрес.

- Оглас -

Најнови вести