Половична победа на семејството: Судот забрани Златната топка на Марадона да биде продадена

Судот за жалби во Версај половично ја прифати тужбата на двете ќерки на Диего Армандо Марадона и ја стопира продажбата на Златната топка која ја освои славниот Аргентинец во 1986 година. Семејството на еден од најдобрите фудбалери во историјата бараше Златната топка, која беше ставена на аукција, да биде вратена во нивна сопственост и тврдат дека таа е украдена.

Марадона Златната топка ја доби за игрите на Светското првенство во 1986, кога со Аргентина се искачи на врвот на светот, а тогаш настана и „божјата рака“. Постојат многу теории како Златната топка се изгубила. Едната од нив е дека Аргентинецот ја изгубил на покер, но и дека Златната топка е украдена од банката во која ја чувал Марадона.

Постапката пред судот продолжува и дополнително ќе се одлучува во чија сопственост ќе биде Златната топка на Диаго Армандо Марадона.

- Оглас -

Најнови вести