Половина терен е замрзнат, младите во неизвесност пред дуелот со Фарски Острови (фото)

Утре, во 10 часот судиите и делегатот ќе извршат инспекција на теренот и на официјалниот состанок ќе информираат дали ќе се игра натпреварот Фарски Острови У21 – Македонија У21 или ќе биде одложен. Составот на Боби Милевски треба да го одигра квалификацискиот меч за ЕП 2021 против Фарски Острови од петтото квалификациско коло во 18 часот, но и натаму е неизвесно дали ќе има услови за такво нешто.

Репрезентацијата попладнето имаше тренинг, траеше околу 40 минути на мал дел од теренот што не беше многу замрзнат. Во продолжение фотографии од теренот направени на попладневниот тренинг.

- Оглас -

Најнови вести