Полскиот ќе го елиминира норвешкиот првак

6014 Нефтчи – Динамо Тбилиси (19.00 часот)

Поуспешниот тим од овој двобој во следното коло од квалификациите за ЛШ ќе се сретне со грчкиот Олимпијакос. Азербејџанскиот првак е во предност бидејќи на првиот меч во Тбилиси победи со 2-1. Но, со новите правила, Динамо и со 1-0 би се изборил за продолженија. Од последните десет меча на Динамо само еден беше нерешен, а седум беа со 2-3 гола. И Нефтчи не е не некој претерано ефикасен тим, па неизвесноста е многу веројатна.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.50)

 

6015 Легија – Бодо Глимт (20.00 часот)

Полскиот тим славеше во Норвешка со 3-2 во првиот нивен меч и Легија би требало да оди во следната фаза, каде што веројатен ривал им е естонската Флора и затоа за Легија е многу важно да го елиминира Бодо Глимт бидејќи лесно може да оди и во трето коло од квалификациите. Бодо е во резултатска криза, не му оди како подмачкано ниту во домашното првенство, тешко дека може да приреди изненадување во Варшава.

Предлог тип: 1 & 3+ (2.65)

 

1113 Данди јунајтед – Елџин (20.45 часот)

Ова е дуел од групата Б во шкотскиот Лига куп. Оваа фаза од натпреварувањето се игра во групи и целта е прво место кое води понатаму. Данди јунајтед победи во првото коло со 1-0, а Елџин загуби со истиот резултат. Тука нема дилеми кој е фаворит, премиерлигашот Данди е многу подобар тим и само прашање е што да се искомбинира заедно со единицата, а ние предлагаме дека ќе има барем два, но не повеќе од пет гола.

Предлог тип: 1 & 2-5 (1.47)

 

9003 Русија У19 – Германија У19 (17.00 часот)

Ова е еден од денешните мечеви на јуниорското Европско првенство за ракометарки. Русинките и Германките беа поразени од скандинавските селекции во првото коло, а во втората рунда, Русија славеше против Данска, па овој меч е многу поважен за нив бидејќи полуфиналето им е дофатливо. За Германија ова е дуел само за што подобра позиција во разигрувањето од петто до осмо место. Традицијата е на страна на Русија, но тоа не игра преголема улога кога играат младински селекции бидејќи генерациите се менуваат. Сепак, поради мотивите, веруваме дека треба да победи Русија.

Предлог тип: 1 (1.65)

 

9005 Шведска У19 – Данска У19 (19.00 часот)

Пред почетокот на ЕП за ракометарки до 19 години, овие селекции меѓу себе одиграа еден контролен меч во кој Данска победи со 26-25. Шведска засега реди само победи на ЕП и ова им е нов сериозен тест. Со победа или реми, Шведска ќе го освои првото место во групата и ќе има малку полесен противник во полуфиналето. Младите Швеѓанки против себе ја имаат традицијата, но сега им е шанса да го разбијат малерот и првпат да слават против Данска која веќе двапати загуби на ова ЕП.

Предлог тип: 1 (1.60)

- Оглас -

Најнови вести