Полските фанови не може да гледаат, се повредија Левандовски и Швидерски

Репрезентацијата на Полска води со 1-0 по првото полувреме на контролата против Турција, но никој во полскиот тим, ниту на трибините не се задоволни затоа што поради повреди, теренот го напуштија Роберт Левандовски и Карол Швидерски.

Швидерски го даде голот, а потоа излезе од игра поради повреда на глуждот на ногата. По него и капитенот Левандовски сам побара замена и замина на клупата поради мускулна повреда. Засега не се знае тежината на повредите, но Полјаците секако треба да бидат загрижени од овие случувања.

- Оглас -

Најнови вести