Полските медиуми тврдат: “Марчињак нема да го суди финалето на ЛШ“ (Видео)

Симон Марчињак нема да го суди финалето на Лигата на шампионите помеѓу Манчестер Сити и Интер. Ова го тврдат полските медиуми откако изби скандалот во кој е вклучен главниот судија. Марцињак учествувал на настан организиран од крајната десница во Полска, но не само што учествувал, туку бил и главен говорник на настанот.

Иако УЕФА ништо нема објавено официјално, сепак, медиумите во Полска велат дека имаат инсајдерски информации дека Марчињак ќе биде казнет и нема да го суди финалето.

– “Симон Марчињак нема да го суди финалето во Лигата на шампионите. Вака УЕФА ќе го казни судија за говор на конференцијата организирана од Славомир Менцен, контроверзен политичар обвинет за антисемитизам и хомофобија. За жал, ова го знам од многу добри извори.“ – вели новинарот Томас Смоковски од Канал Спортови.

Во меѓувреме со соопштение се огласи и самиот Симон Марчињак, во кое вели:

– “Со оглед на тоа дека долги години сум меѓународен фудбалски судија, фер-плејот и почитта кон другите отсекогаш ми биле прв приоритет и сакам да им ги пренесам овие вредности на другите. Секогаш се оградувам од расизмот, антисемитизмот и нетрпеливоста, што го покажувам на натпреварите кои ги судам. Секогаш велам престанете да мразите и ќе пропагирам дека најважно е да се биде добар човек.“

- Оглас -

Најнови вести