Полуфиналето во Риека не помина без инцидент: По мечот се степале играчи на двете екипи

Риека вчера на драматичен начин стигна го финалето во Купот на Хрватска откако со пресврт од 3-2 го совлада тимот на Осиек на домашен терен во полуфиналната пресметка. Домаќините надополнија два гола негатива во ситуација кога се најдоа со играч повеќе на теренот, притоа гостинскиот состав не се согласуваше со некои одлуки на главниот арбитер, како пеналот досуден за Риека.

На крајот од мечот беше забележана и турканица меѓу играчите на двете екипи, а по настанот е забележан инцидент во кој се инволвирани Антонио Чолак (Риека) и Ерос Греза (Осиек). Според извештајот составен од делегацијата, двајцата физички се пресметале на паркингот пред соблекувалните, по што морала да интервенира и полицијата.

„По крајот на натпреварот, додека се составуваше записникот, стигна пријава до делегацијата дека пред стадионот „Рујевица“, поточно на паркингот пред соблекувалните дошло до физички напад од страна на Ерос Греза, кој со тупаница го удрил по глава Антонио Чолак, по што морала да интервенира и полицијата“, стои во записникот.

Македонскиот репрезентативец Дарко Велковски го одигра второто полувреме и учествуваше во пласманот на неговиот тим во финалето од Купот кое е закажано за 1 август, кога Риека ќе се соочи со Локомотив Загреб.

- Оглас -

Најнови вести