Полуфиналистите ќе одмораат на стартот, Вардар започнува со гостување во Врапчиште

Денес во прсториите на ФФМ беше извршена ждрепката за Купот на Македонија. Поради малиот број пријавени екипи за најмасовното натпреварување, дури четири екипи ќе бидат слободни во 1/16-финалето. Тоа се освојувачот на Купот од минатата сезона, екипата на Македонија ЃП, потоа финалистот Струга, како и полуфиналистите Шкендија и Силекс.

Од оние што ќе играат, најинтересно ќе биде на дуелот во Врапчиште, каде што ќе игра една од најквалитетните екипи во Втората лига, Беса и скопскиот Вардар.

Најзвучна двојка во 1/16-финалето ќе биде дуелот во Тетово помеѓу поранешните освојувачи Тетекс и Работнички, а останатите прволигаши добија поволна ждрепка и се очекува да минат без поголеми проблеми.

Двојки – 20.09.2023, 15 часот

Јанг Тим (Струга) – Победа
Новаци – Брегалница
Башкими – Скопје
Арсими – Тиквеш
Кожуф – АП Брера
Карбинци – Воска
Охрид – Детонит Плачковица
Беласица – Гостивар
БВК Коњаре – Шкупи
Беса – Вардар
Тетекс – Работнички
Влазрими – Пелистер

- Оглас -

Најнови вести