Полуножичките на Ришарлисон против Србија се најубав гол на СП 2022 (Видео)

Мајсторскиот погодок на Ришарлисон во првото коло против Србија е прогласен од ФИФА за најубав гол на Мундијалот во Катар.

Номинирани беа десет погодоци, од кои два беа на Ришарлисон, овој со Србија и еден гол против Јужна Кореја. Кандидати беа и Ал-Досари од С. Арабија против Аргентина, Коди Гакпо од Холандија против Еквадор, Енцо Фернандес од Аргентина против Мексико, Винсент Абубакар од Камерун против Србија, Луис Чавес од Мексико против С. Арабија, Килијан Мбапе од Франција против Полска, Палк Сеунг-хо од Јужна Кореја против Бразил и Нејмар од Бразил против Хрватска.

- Оглас -

Најнови вести