Полувреме: Нерешено е во Букурешт, но тоа значи дека Македонија уште има плус од осум гола

Македонија и Романија играат нерешено 12:12 по првото полувреме на дуелот во Букурешт, во реванш мечот од баражот за пласман на Светското ракометно првенство. Ако се знае дека Македонија на првито меч победи со осум гола (30:22), второто полувреме во Букурешт треба да биде формалност, пред Македонија да биде промовирана во патник во финалето од баражот, каде чека селекцијата на Чешка.

Македонија одлично го започна мечот и по 10 минути водеше со 5:2, но Романците не се демотивираа. Домаќините заиграа подобро и во 17 минута стигнаа до 7:7, но не успеаа да поведат.

Голманот Мартин Томовски имаше две добри одбрани, во нападот нашите беа ефикасни, па поведовме со 10:7 во 24 минута, а потоа и со 11:8. Следуваше најдобриот дел од играта на Романија и со серија од 3:0 домаќините стигнаа до 11:11 во 28 минута, а на полувреме се замина со нерешено 12:12, што значи дека дека Македонија ги штити осумте гола од првата средба и последните 30 минути од овој двомеч треба само формално да го одработи.

По два гола постигнаа Кузмановски, Атанасиевиќ, Георгиевски за Македонија.

- Оглас -

Најнови вести