Полувреме: Турција води против Австрија со најбрзиот гол во историјата на нокаут-фазата на ЕП (Видео)

Отворен и офанзивен фудбал во првото полувреме играат репрезентациите на Турција и Австрија во последното осминафинале на Европското првенство во Германија. Мечот во Лајпциг имаше одличен почеток бидејќи Турците дојдоа во водство уште во 58-мата секунда, кога Демирал најдобро се снајде во мешаницата по корнерот на Арда Ѓулер.

Статистички, Австрија упати шест удари, но ниту еден во рамките на противничкиот гол. Турција со единствениот удар кон голот на Австријците има водство, а упатија уште два удари. Поседот на топката е во мала предност за репрезентацијата на Австрија.

Голот кој го постигна Мирхан Демирал во 58-мата секунда е најбрзиот во историјата на нокаут-фазата на европските првенства.

- Оглас -

Најнови вести